Крадци ги испустија објектите во поранешната касарна, се што можат корнат и носат

Мај 05, 2020

Крадци секој ден ги пустошат објектите во поранешната касарна. Се корнат покривите од напуштените згради без оглед дали се лимени или салонитки, се товари граѓа, се обезличуваат целосно зградите. За многу брзо време го откорнаа покривот и однесоа се што беше внатре и од објектот каде што беше сместена ТВ Мега, Граѓани пријавуваат во полиција, полициските патролите ќе поминат, но следниот ден е „иста песна“. Од 192 при пријавување на граѓаните им велат дека сопствениците на објектите треба да се погрижат за ситуацијата. Со дел од објектите во поранешната касарна стопанисува Општната. 

-Секој ден корнат покриви , носат градежни материјали, хаос е ситуацијата избегана од контрола, толку се бучни што ги слушаме дома како ги фрлаат деловите од покривите од зградите на земја, пријавуваме во полиција, доаѓаат но ни велат дека сопственикот треба да се погрижи , велат станари од околните згради. мега1

А.Б

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани