2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Регионалната болница за заболени од КОВИД-19 е физички одделена од главната болничка зграда, пациентите се изолирани, велат од болничкиот менаџмент

Април 08, 2020

Инфективното одделение во битолската Клиничка болница, познато меѓу битолчани како Заразно, е физички одделена  од главната болнича зграда уште при самата изградба пред половина век. Сега овој објект станува Регионална болница за лекување на пациенти позитивни на КОВИД-19 кои имаат средно тешка и тешка клиничка слика. Од болницата уверува дека нема причина за вознемиреност кај битолчани, затоа што заразените не влегуваат во главната болничка зграда. Се запазуваат сите протоколи, има патека на движење, па овие лица немаат никаков контакт со останатите пациенти.

-Нив ги носи Итната медициснка помош по протокол. Имаме патека на движење. Застануваат на задниот службен влез на Инфекетивно одделение, пациентот го презема медицинска сестра во целосна оперма. Се оди по најкраткиот пат, по скалите и се носи во изолационото одделение. Патеката по која се движел пациентот потоа се дезинфицира. Откако ќе се смести пацинетот не излегува од изолационото одделение. Целиот медицински персонал е во заштитн аопрема. Доколку има потреба да се направи рентген снимка, тогаш пациентот по истата патека се спушта до реннтген апартото кој што го има во истата зграда, а техничарот е исто така е во заштитна опрема. Потоа пациентот повтроно се враќа во изолација по истата патека, а секаде каде се движел се дезинфицира, иако тој за време на движењето носел и маска и ракавици, вели директорката на Клиничка болница Битола, Билјана Гагачовска.

00048.MTS.Still001

Протокол има и при земање на крв за анализи.

-Се зема крв во одделението каде лежи пациентот, се пакова во пластичен контејнер, медицинска сестра ја предава крвта на дежурен лаборант после 15 часот, за да нема движење. Дежурните лаборанти облечени во адекватна заштитна опрема ја процесуираат крвта, г прават испитувањата, ги предаваат резултатите. Потоа крвта се уништува како медициснки отпад, се дезинфицираат апаратите, се дизифинцира простријата и патеката на движење. Нема потреба од загрижност сетоа ова се одвива по посебна зграда, додава Гагачовска.

На располагање за заболените од КОВИД-19 во Инфкетивното одделние се 35 болнички кревети, 20 во одделот за изолација и 15 во одделот за суспектни пациетни кои чекаат резултат од тестови

00020.MTS.Still001

-Пациентите кои што се КОВИД позитивни и кои што имаат потреба од третман да го добиваат во нашата болница. До денес имаме четири пацинети кои се сместени во болничко лекување, а останатите пациенти во домашна изолација и домашен третман, а се контактираат двапати на ден од страна на дежурните инфектолози, вели Билјана Гагачова, директор на Клиничка болница Битола.

Регионалната болница има просторна можност за зголемување на капацитетот до 100 болнички кревети, што подразбира потреба и за зголемување на медицинскиот персонал. Во моментот има 5 инфектолози кои засега целосно ги задоволуваат потребите и работат во групи по систем на двонеделана ротација, за да се исклучи ризикот да заболи целиот медицински персонал.

- За почетоко имаме доволно кадар од инфектолози, пнеумофтизиолози и пулмолози кои ќе ги задоволат потребите за третман на овие пацинети. Имаме 5 инфкетолози кои работата со заболените од КОВИД-19, а еден инфектолог работи во амбулантата за фебрилни сосотојби која ја преместиве во Одделнието за пнеумофтизиологија, работи само наутро и прегледува и тријажири пациенти. ОСтанатите инфектолози и медициснки сестри работата по системот за ротација. Првиот тим работи потоа заминува во домашна изолација 14 дена, а потоа влегува вториот тим, Доколку во следниот период се појави потреба може да се случи да побараме помош од колегите од Регионот,  вели Гагачовска.

00024.MTS.Still001

Во Регионалната болница  има заштитна опрема за здравствените работници во изолационото одделение кои работата со пацентите заразени со КОВИД-19 за следните три недели, а во моментот се врши и нова набавка, велат од менаџментот на болницата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани