Центарот за култура од Битола, инспириран од потегот на Македонската филхармонија, по добиената согласност од Министерство за култура и Управниот одбор на институцијата, одлучи да се вклучи со донирање на средства од сопствена сметка во висина од 120.000ден на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски “ во Битола.
,,Oва е можеби симболична сума за битката со COVID-19, но за нас е значајна. Oвие средства беа наменети за настани поврзани со јубилејот 40 години од нашата институција, кои оваа пролет не очекуваа. На овој начин сакаме да им оддадеме признание на сите наши херои кои работат во Болницата исто како што тие ни даваа безброј аплаузи на многу наши настани како дел од драгата наша публика", велат од Центарот за култура. .