2win800x200

Верниците не се собраа денеска во црквата „Св.Недела“ во Велушина, се одржа само црковна литургија

Јули 20, 2020

Црквата „Св.Недела“ во битолското село Велушина која со децении наназад на денешен  ден собираше стотици верници во црковниот двор оваа година остана празна поради ситуацијата со корона кризата. Таа е една од деветте цркви во ова село во која по традиција се одбележува денешниот христијански празник посветен на света Недела.

-Од рано утрово свештени лица одржаа литургија по повод празникот и се крена лепче за дравје, но заради кризата не е дозволено собирање на верници, ни потврдија жители на Велушина.

Во оваа црква на денешен ден се собираат велувци не само од Битола и од државата, туку насекаде од дијаспората, а  свирките  и дружбите во дворот на црквата траеја со часови. 

Во текот на годините многу велувци се иселија од селото , но не ја заборавија родната грутка, камбанаријата во црквата  „Св. Недела“ е подарок од семејството Манговски. 

-Камбанаријата ја подигнаа Јован и Мара Манговски со фамилијата од Америка во 2005 година, стои запишано на мермерната плоча во црковниот двор. Сите девет цркви во Велушина се на различни локации и сите имаа посебно значање. 

320px Црква Св. Недела во селото Велушина 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани