АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наставничката Анкица Стевановска од ОУ „Св.Климент Охридски“ Битола нацрта прекрасен мурал „Везилка“ во кабинетот по македонски јазик. Стевановска е со завршени два факултета дипломиран ликовен уметник во Скопје и воспитувач на Педагошкиот факултет во Битола. Директорката на ОУ „Климент Охридски“ Гордана Анастасова вели дека во овие летни денови наставниците се ангажирани за уредување на школото, бојадисување, менување на осветлувањето и др. а настаничката Стевановска со муралот го разубави кабинетот по македонски јазик.