На денешен ден е убиен Стево Патако

Јули 28, 2020

На денешен ден, 28 ЈУЛИ 1943, во Битола е убиен Стево ХРИСТОВСКИ–Патако, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. 

Роден е воБитола на 4 јануари 1921 г. Член бил на КПЈ  од предВтората светска војна и има забележителна активност воредовитена прогресивното македонскоработничко-синдикално движење воБитола. Извесно време бил секретар на Месниоткомитетна југословенската младинскакомунистичка организацијаСКОЈ.Особено успешен во организирањето на младинаташто учи во Битолскатагимназија. Од септември1942 година член на Месниоткомитет наКПЈ за Битола, одговоренза младината и СКОЈ, и за функционирањетона партиската техника. Члени на Окружниот комитет наКПЈ за Битола.

Учествува во редактирањето и диструбуцијатана битолскиот илегален партиски весник. Бугарскатаокупаторска фашистичка полиција кон крајот на 1942 година го апси иоткако не успеа да изнуди никакво признание со жестоките физичкитортури во битолскиот истражен затвор, го интернира во Кавала, воЕгејскиот дел на Македонија. Во 1943 година, бугарската власт го вратиназад во Битола како судски сведок, но успеада побегне на битолската железничка станица и да продолжи илегално да живее и дејствува.

Откриен и обиколен од бугарската полиција, вооружено им се спротистави, но откако увиде дека борбатапротив далеку побројниот непријател е осудена нанеуспех, со последнот куршум се самоуби и не дозволи да биде живзаробен.

 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани