
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На првиот училиштен ден, градоначалничката Наташа Петровска го посети ОУ „Коле Канински“, каде го следеше текот на спроведувањето на протоколите за изведување на настава со физичко присуство за учениците од прво и второ одделение.
Градоначалничката, заедно со директорот Зоран Мирчевски и вработените од училиштето им посакаа добредојде на учениците, потсетувајќи ги на протоколите што мора да се запазат. Двата влеза од училиштето беа наменети за влегување на учениците од прво и второ одделение, со мерење на температура, дезинфекција на рацете и држење растојание од 2 метри.
Градоначалничката ги посети и училниците опремени со компјутери и интернет каде ќе се спроведува онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение.
- Ви посакувам добро здравје, слушајте ги наставниците и домашните. Тоа е важно во овие околности. Ви посакувам да станете големи луѓе, посебно затоа што се соочувате со големи предизвици од толку мала возраст - им порача Петровска на учениците.
- Сакам да ви посакам добредојде на сите деца. Оваа година имаме голем предизвик со кој треба да се соочиме, не само во нашиот град туку и во нашата држава и целиот свет. Се надевам дека сите заедно ќе се исправиме пред предизвикот и учебната година ќе се одвива според сите зададени протоколи - рече директорот Мирчевски.