Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 7 нови случаи на COVID-19:
- 5 во Битола (лица на возраст од 29 до 57 години, две лица даваат податок за контакт со позитивно лице)
- 1 во Кичево (лице на возраст од 33 години, не дава податок за контакт со позитивно лице)
- 1 во Д. Хисар (лице на возраст од 22 години, не дава податок за контакт со позитивно лице)
Во Ресен денес нема новозаболени лица.
Денес се регистрирани 11 оздравени лица (3 од Битола, 2 од Кичево, 5 од Ресен и 1 од Демир Хисар) и едно починато лице на возраст од 82 години, кое беше хоспитализирано во Клиничка болница- Битола.