2win800x200

ТЕМЕЛНО СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО НА РЕКАТА ШЕМНИЦА ВО ЦРНОБУКИ

Октомври 08, 2020

Во должина од 2700 метри се чисти коритотот на реката Шемница по течението во атарот на селото Црнобуки. Работите ги изведува  водостопанското  претпријатие „Битолско Поле“, по договорот склучен со Општина Битола, за темелно отстранување на дрвјата, корењата и отпадот во овој дел  кој не бил исчистен повеќе од 25 години.

2 semnica

1semni

 

 

Паралелно со овој зафат, на терен се санираат ударните дупки на локалниот пат до селото и улиците во селото, од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“ со топла асфалтна маса, на површина од над 120 метри квадратни, информираат од Општина Битола.

 

4 pat

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, го посети селото Црнобуки, а жителите посочија дека чистењето на речното корито е од исклучително значење со што се избегнува опасноста од поплави и излевање на водата. Посочија дека со санацијата на патот, исто така им се олеснува секојдневното движење.

 

3 gragani

Градоначалничката посебно го потенцираше позитивниот ангажман на локалното население, кое самоиницијативно презема низа активности за подобрување на условите во селото, а општината им излегува во пресрет за дополнување на нивните барања.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани