2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден убиен е Трајан БЕЛЕВ Гоце, учесник во НОВ

Октомври 06, 2020

На денешен ден, 6 октомври 1943, убиен е Трајан Белев-Гоце,  истанат припадник на македонското националослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскито дел на Македонија

Роден е во село Ѓавато, Битолско на 4 јануари 1902 година. Беше печалбар во Франција. Од 1938 година е член на Комунистичката партија на Југославија за Македонија. По окупацијата на Македонија од фашистичките сили активно се вклучи во антиокупаторската борба.

Во 1942 година стана член на Окружниот воен штаб, а нешто подоцна стана и борец во Народноослободителниот партизански одред „Даме Груев“.

Беше и политички комесар на овој партизански одред. Загина како заменик политички комесар на Народноослободителниот баталјон „Мирче Ацев“ во борба со балистички и германски единици кај селото Кленоец, Кичевско.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани