2win800x200

Пет битолчанки кои го победија ракот, му пркосат и на Пелистер

Октомври 13, 2020

Пет битолчанки кои се соочиле со најтешката болест на деншеницата, канцерот, иако со џип, деновиве се искачиле на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.  Сите на возраст од 30 до 60 години, полни со живот и воодушевени од ова доживување, велат дека имало и пешачење, па кога можат тие да се впуштат во ваква авантура, може секој да дојде на 2601 метар,  макар и со џип. Со нас споделуваат и фотографии од  планиснкиот убавец. 

121349363 702153077060116 7659254057889590088 n

 

Катерина Петровска, Даниела Героска, Вера Огненова, Анета Петковска и Горица Митковска, сите членеки на „Одраз“,  група на жени оперирани од канцер, со џип се искачиле до Антена, а потоа се спуштиле до Мало Езеро, па  пешки до Големото Езеро.

 

121367175 702153040393453 3321945964849181568 n

-Благодарам на возачите на џиповите, Димче и Илјиа, одлични возачи и водичи. Исполнив уште една моја цел, да се искачам до Антена на Пелистер. Успеав со џип тура. Бевме најпрво до врвот, испуштив силен крик од мене и мислам дека ми излезе цела негативна енергија. Па до спомен плочата на Мурато, а потоа малку возење до Малото Езеро, па пашки еден час до Големо Езеро. Кога ние се впуштивме во една ваква авантура, може секој. Нашата Баба Планина со врвот Пелистер е нешто што не треба да се пропушти, вели Катерина. 

121261422 702153120393445 267025293525661056 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани