АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Три делници од улицата "Илинденска" се тампонирани и спремни за асфалтирање. Една веќе е целосно завршена.
Дополнително се работи и во завршна фаза се уште две во делот на вградување на подземните инсталации, објави градоначалничката Наташа Петровска на ФБ
Една од најфреквентните улици во Битола, Илинденска, се реконструира во должина од 2,1 километри и тоа се реализира во три фази. Санацијата на оваа улица ќе ја опфати примарната, секундараната канализациона и водоводна мрежа, како и коловозот, а за вакви темелни зафати на оваа сообраќајница од општинскиот буџет издвоени се со 32,7 милиони денари или над 500 илјади евра.