АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најтешките денови ги живее Битолската стара чаршија, а ковид кризата го покори и Широк Сокак.
Нема уличка во Старата битолска чаршија што нема затворени дуќани, или како што велат дуќанџиите, не треба да се бројат затворените дуќани, туку тие што останаа да работат, бидејќи бројката на катанците на вратите е тројно поголема, пренесува https://nezavisen.mk/
„Бидејки имам сопствен дуќан ми олеснува што немам давачката за наем, но претходно работев со кондиторски производи-бонбони. За пет месеци ставив клуч на врата, немаше свадби, родендени, крштевки и ми пропадна бизнисот. Претрпев голема загуба. Морав да направам нов почеток за да продолжам да работам да функционира дуќанот. Како човек фирма немавме помош за кредити, не исполнувавме услови, поволно беше за фирми со голем капитал, освен што постоеше помош да земам плата“, вели Павлина Василевска, сопственик на објект во Старата битолска чаршија.