Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата Смилевски конгрес

Април 26, 2021

 

Започнаа градежните активности околу рехабилитацијата на ул. „Смилевски конгрес“и ул. „Младински бригади“, во должина од 825 метри, кои се во Нова Битола
 DSC 0283
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ја посети локацијата, каде што од страна на изведувачот беше информирана за динамиката на работа и текот на активностите на оваа делница 

DSC 0285

„Улицата „Смилевски конгрес“ е значајна делница во овој дел од градот. Таа беше доста оштетена, а претставува своевиден крвоток за движење на населението по неа, бидејќи во близина се наоѓа училиште, градинка и голема концентрација на население. Општина Битола за оваа делница издвои 5.717.665 денари“, посочи Петровска.

DSC 0276

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани