2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Хаџиантоновски, избравме 22 екипи за годинешното 37 издание на „Малиот Монмартр“

Март 20, 2018

Дваесет и две ликовни екипи ќе учествуваат на годинешното 37 издание на „Малиот битолски Монмартр“. Доаѓаат претставници од повеќе земји од Европа и светот. 

-Јас сум пресреќен што успеав да го донесам светот, туку во Битола, рече Коста Хаџиантоновски, творец на „Малиот Монмартр“, на денешната прес-конференција.

Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2018“ беше распишан во почетокот на септември 2017 , а треаше до 20 февруари годинава со тоа што на конкурсот учествуваа 326 училишта, со 10 777 цртежи, од 34 земји од Европа и светот. Меѓународното стручно жиро од вкупниот број на пристигнати творби на конкурсот за 36-та Меѓународна изложба на детски ликовни творби „Битола 2018 “ избра 781 творба, а изложбата ќе биде отворена на 23 мај во просториите на Националната детска ликовна галерија „Монмартр“.

-Предноста  е во тоа што многу земји од Европа и светот не учествуваат со една или две екипи туку со повеќе екипи, што се должи на магијата и афирмацијата што Малиот битолски Монмартр ја има во светот, рече Хаџиантоновски.

 

Добитник на наградата „Гран-при 2018„ е ZUSH PLZEN од Чешка , добитник на наградата „Проф. Д-Р Богомил Карлаварис“ за животно дело е ликовниот педагог Dr. B.A. Reddy „ Young envoys international“ од Индија , додека добитник на Специјалната награда е „Atolye Veysel Аcar“ од Трабзон, Турција.

Наградата за најдобра колекција „Златка четка“ годинава ја добија седумнаесет учесници на конкурсот, 114 награди се доделени за поединци  „Златна палета“, додека вкупно беа доделени 384 награди на меѓународнит конкурс „Битола 2018“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани