АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Улицата во Старата битолска чаршија која води до седиштето на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, да го носи името на Коста Хаџи Антоновски, идејниот творец на најпозната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Ваков предлог ќе поднесат советниците од ЛДП до Советот на Општина Битола, објави денеска претседателот на битолскиот огранок на ЛДП, Александар Касапов.
-Советниците од ЛДП во Советот на Општина Битола, ќе поднесат иницијатива улицата која води до седиштето на "Мал битолски Монмартр", во Старата битолска чаршија, да се преименува во КОСТА ХАЏИАНТОНОВСКИ. Коста Хаџи Антоновски беше човекот кој го создаде ликовното студио "Кирил и Методиј", кое е организатор на меѓународната детска ликовна колонија "Мал битолски Монмартр". Коста Хаџи Антоновски ја постави Битола на светската карта на ликовната уметност Ликот и делото на Коста Хаџи Антоновски мора да продолжи да живее, објави Касапов на неговиот ФБ профил.
Коста Хаџи Антоновски почина на 13 март 2021 година, на 86 годишна возраст. Беше истакнат ликовен педагог. „Малиот битолски Монмартр“, традиционална меѓународна детска ликовна колонија започна да ја организира од 1982 година, а го формираше и детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола. По негова иницијатива Колонијата се одржува во Битола секоја година од 23 до 30 мај. На оваа манифестација учествуваат ликовни таленти од Европа и светот на возраст од 5 до 14 години. Напоредно со неа се одржува и Големата детска изложба на која пристигнуваат детски цртежи од целиот свет.