АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре (25.05.2022), среда, во соработка со Македонски пошти ќе излезе нова поштенска марка со култниот „Мал битолски Монмартр“. Исто така, иницијалите на светски признатиот ликовен педагог Коста Хаџи Антоновски, идеен творец на „Монмартр“, ќе станат составен дел од логото, амблемот, заштитниот знак и знамето на Детското ликовно студио. Ова беше соопштено на отворањето на 41 издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ вчера во старата чаршија во Битола.
Колонијата започна со доделување на наградите за осумдесетината учесници од 16 држави и со традиционалниот огномет..
Претседателката на Детското ликовно студио Елена Хаџи Антоновска на приустните им порача: „Во време на луѓе, одважете се и храбро одберете да бидете човек. Светот останува на вас и вашатата креативна имагинација, творете и ширете добрина!“
На ликовни уметници наградите и дипломите им ги врачи градоначлникот Тони Коњановски кој рече дека во основното училиште „Кирил и Методиј“ и него на ликовна уметност, како дете, го учел Коста Хаџи Антоновски.
„Тоа што гостуваат 14 тимови од 16 држави, а пристигнале пратки со ликовно творештво од над 40 држави јасно говори за значењето на оваа манифестција. Како локална самоуправа ставаме силен акцент на поддршката на културните манифестации во нашиот град придонесувајки за култирно-уметничкото раздвижување и културна промоција на Битола“, рече Коњановски.