2win800x200

„Немате поим што е тоа емпатија и грижа за граѓаните“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на диркеторот на ЈП за паркинзи, Зоран Дојчиновски, кој, пак, испрати доипс до медиумите  по прес конференцијата на опозицијата во Битола.

„Ветувањата со кои се рафрлаше сегашната власт пред две години преминаа во буквален хаос во однос на паркирањето во градот. Иако ветуваа со полна уста , а досегашниот концепт за јавно-приватно партнерство страшно го критикуваа, сега се виде дека се било само голема манипулација. Ни кога ветуваа, ни сега немаат концепт и решение за проблемот со јавното паркирање“, обвини на прес конференција Стефан Димовски, потретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Исто така рече дека голи пароли се тврдењата оти паркинг услугите поевтинуваат. „Ако се земе статистиката дека најмногу битолчани во просек ги користат за два часа, со сегашните цени ќе плаќаат и поскап паркинг“, рече Димовски. Додаде дека неизвесна е судбината на новото јавно претпријатие, а извесна е само онаа на вработените кои останаа на улица. 

ВМРО-ДПМНЕ  на прес конференција обвини дека актуелната власт си поигрува со македонските земјодлеци, затоа што, тврдата дека не им се исплатени субвенции за сите категории, додека пак мерката „зелена нафта“ за опозицијата е популистичка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на координаторот на локалниот огранок во Битола Иванчо Тошевски и други панинари денес се искачија на врвот Антена на Пелистер. Ова беше дел од активностите за одбележување на 29-от роденден од основањето на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Тие го посетија и споменикот Пирамида посветен на македонскиот алпинист Димитар Илиевски Мурато од каде се протега прекрасна глетка кон Преспанското Езеро.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини локалната власт и СДСМ дека во опозиција и во предизборната кампања ветувале обнова на планиарскиот дом „Копанки“, но не преку одземање на неговата сопственост од ПСК „Пелистер“.

-Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом „Копанки“ се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола за во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК „Пелистер“ врз планинарскиот дом Копанки, рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Тој  рече дека членовите на ПСК „Пелистер“ не се членови на политички партии, туку планинари и побара одговори на прашања за кои како што рече битолчани го знаат одговорот.

- Дали и зошто цело време наназад како власт ја обструирате реконструкцијата на "Копанки" од страна на ПСК Пелистер? Дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана од Ваш коалиционен партнер? Дали крајната цел е приграбување на "Копанки" од страна на лице кое е близок роднина на висок функционер од актуелната власт, праша Тошевски.

На прашање  зошто планинарскиот дом не беше реконструиран по неговото опожарување во 2013 година и легализацијата на објектот во 2015 година иако за тоа имаше  ветувања, Тошевски рече „зборуваме за правни процедури кои во минатото требало да се испочитуваат“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани