
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дефектот на водоводната цевка во населбата Горно Оризари ќе се санира утре рано изутрина, бидејеќи екипите на ЈКП „Водовод“ -Битола во овој момент немаат пристап до местото каде водоводниот систем е оштетен. Од ЈКП „Водовод“-Битола им се извинуваат на жителите на оваа населба со обврска утре уште рано наутро да започнат со санација на проблемот.
Јавното претпријатие „Водовод“ ги известува жителите во комплескот згради Стара Болница на улицата „Климент Охридски“ и куќите на улицата „ Стив Наумов“ дека утре 3.04.2018 година, ќе има 4 часовен прекин во водоснабдувањето на корисниците и тоа во периодот од 9 до 13 часот, поради работа на екипте на Јп „Водовод“ на отсранување на дефект во водоводната мрежа.
