
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Организацијата на жени од Битола од понеделник започнува хуманитарна акција со која ќе им се помогне на луѓето кои останаа без својот дом во подрачјето погодено од земјотресот во Албанија. Претседателкта на Организацијата на жени од Битола, Светлана Петковска, на својот ФБ профил објави распоред кога сите заинтересирани можат да достават облека и храна
„За сите кои се заинтересирани да донираат алишта и храна за настраданите во земјотресот во Албанија, Организацијата на жени организира собирна акција во просториите на КУЌАТА НА ЧЕСНИТЕ СЕСТРИ ВО БИТОЛА, спроти Пелагонка 2, во деновите:
-ПОНЕДЕЛНИК 02.12. од 16-18 часот
-ВТОРНИК 03.12 од 16-18 часот
-СРЕДА 04.12 од 16-18 часот
-САБОТА 07.12 од 12-14 часот
„Цела ноќ се боревме под урнатините да извлечеме настрадани, глетката е ужасна, сосотојбата кататрофална“, вака за апла.мк сведочи познатиот планинарски водич и спасувач Петар Нолев, кој со уште тројца битолчани од тимот за Спасување на планини и високи објекти се вклучени во спасувачките акции за извлекување на настраданите во земјотрест во Драч, Албанија. Овие спасувачи се дел од тимовите составени од 42 припадници на републичките сили координирани од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во 15,40 часот во Битола беше почувствуван земјотрес чиј епицентар беше во Грција. Епицентарот беше на осум километри северозападно од Лерин, односно на 21 километар јужно од Битола. Јачината беше со магнитуда 3, а длабочината на епицентраот еден километар. Ова беше уште еден од серијата земјотереси што во последно време се случија во Грција и Албанија, а беа почувствувани во Битола.
Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени е почувствуван во Битола и околината во 15 часот и 27 минути.
Јачината на земјотресот е 4 степени според Европската макросеизмичка сала
Утрово во 6.25 часот во Битола е почувствуван земјотрес, чиј епицентар се наоѓа во Албанија, 13 километри јужно од Корча со интензитет од 4,8 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот особено се почувствува на повисоките катови од колективните згради.
А.Б