АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Организацијата на жени од Битола од понеделник започнува хуманитарна акција со која ќе им се помогне на луѓето кои останаа без својот дом во подрачјето погодено од земјотресот во Албанија. Претседателкта на Организацијата на жени од Битола, Светлана Петковска, на својот ФБ профил објави распоред кога сите заинтересирани можат да достават облека и храна
„За сите кои се заинтересирани да донираат алишта и храна за настраданите во земјотресот во Албанија, Организацијата на жени организира собирна акција во просториите на КУЌАТА НА ЧЕСНИТЕ СЕСТРИ ВО БИТОЛА, спроти Пелагонка 2, во деновите:
-ПОНЕДЕЛНИК 02.12. од 16-18 часот
-ВТОРНИК 03.12 од 16-18 часот
-СРЕДА 04.12 од 16-18 часот
-САБОТА 07.12 од 12-14 часот
Членки на Организација на жени Битола ќе бидат дежурни во овие термини да ги примаат донациите.
Благодарни однапред, напиша Петковска
Вечерва пак, членовите на тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои веќе три дена учествуваат во спасувачките акции во настраданото подрачје, на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледа дека во Драч врне силен дожд, што доплнително ја отежнува потрагата, но и животот на луѓето кои останаа без покрив над главата. Временските услови нека бидат дополнителен мотив да ја покажеме хуманоста и да помогнеме.
Е.М.
Е.М.