2win800x200

На иницијатива на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во среда ќе се одржи вонредна седница на Советот, на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.

Општина Битола, изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија.

-Во овие мигови, кога нашите пријатели се соочуваат со големите последици од оваа природна катастрофа, подготвени сме да дадеме помош и поддршка од хуманитарен и спасувачки карактер, се наведува во соопштението од Општина Битола

Тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а од општината соопштија дека доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.

-Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби, потенцираат од Општина Битола

Претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологијаденес  одржаа обука за дел од вработените во општините Битола, Новаци и Могила за вршење категоризација на оштетувањата на објекти во Пелагонискиот регион

Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани