2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Февруари 06, 2023
Фото: ДЗС Фото: ДЗС

На иницијатива на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во среда ќе се одржи вонредна седница на Советот, на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.

Ова е само еден од начините, со кои општина Битола, се обидува да обезбеди поддршка за населението во овие земји кои се соочуваат со тешки материјални и човечки загуби, после катастрофалниот земјотрес. Пријателството помеѓу Битола и Турција, се негува многу години, како со збратимениот град Бурса, така и со други градови од оваа земја.

Во текот на денешниот ден, длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот, изрази градоначалникот Коњановски, а тимот од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола со 5 членови се вклучи во спасувачката мисија во подрачјата погодени од земјотресот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани