АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Државните електрани и „Гирисим Електрик” од Турција денеска во Владата потпишаа договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“ со инсталирана моќност од 10 мегавати, во вредност од седум милиони евра. Од нив 5,9 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој, а 1,1 милион сопствени средства од АД ЕСМ. Согласно договорот, фотоволтачината електрана треба да биде изградена за 10 месеци и од следната есен да почне со производство.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски информира дека на меѓународниот тендер првично се јавиле 17 компании, од кои во потесен избор влегле осум, а како најдобар понудувач бил избран „Гирисим Електрик“ од Турција.
„Очекуваме наесен во 2020 година да ги добиеме првите киловати електрична енергија од сонце. Како државна компанија веќе работиме на проектот за нови 10 мегавати фотоволтаична електрана во Осломеј и подготовка на 20 мегавати фтоволтаична електрана во РЕК Битола. Во Осломеј како човечки ресурси ќе го искористиме потенцијалот кој го имаме во РЕК Осломеј и со преедукација ќе ги пренасочиме во делот на производство во новата фотоволтаична електрана“, рече Ковачевски.
Е.М