АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Копајте ми во денот на раѓање...
Копајте ми во детството...
Копајте ми во болната душа распарчена во 2001-ва...
Копајте ми во минатото болно кои го срушивте вие -политичките партии!
Копајте ми во моментот кога молев за едно работно место по струка.
Копајте ми во моментите кога ги растев моите три деца и кога ги делев и бирав на кое ќе му купам патики денес, а на кое идниот месец...
Копајте ми во моментот кога ме боли душата што сакате да им ја уништите иднината!!!
Јас се откажав од партија кога преку ноќ влегуваа лица на работни места кои не пречекориле партиска врата а за мене не се најде едно работно место по струка.
Партијата беше само изгубено драгоцено време и граматички минато свршено време.