АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден точно пред 14 години, во 2006 година, почина великанот на македонскиот пишуван збор, романописецот, раскажувач и поет Петре М. Андреевски (1934-2006). Неговото почивалиште се наоѓа во родната Слоештица, село во Демирхисарско за кое има најава дека за скоро преку фондови од ЕУ за прекугранична соработка ќе биде обновен Задружниот дом,а во него и опремена спомен соба за големиот македонски творец.
Великанот на македонскиот пишан збор, романописецот, раскажувач и поет Петре М. Андреевски (1934-2006) конечно ќе добие спомен-соба во родното село Слоештица, Демирхисарско. Таа ќе биде сместена во некогашниот Задружен дом, кој ќе се реконструира и ќе прерасне во нов Мултифункционален центар што ќе понуди и сместување за туристите. Активностите Општина Демир Хисар ќе ги спроведува во рамки на проектот „Откривање на скриените атракции“, финансиран во рамките на ИПА Прекуграничната програма меѓу Северна Македонија и Албанија.