2win800x200

По деветти пат во Струга, завчера се одржа торжествената литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Годинава  моштите на Светиот Победоносец Георгиј беа носени од двајца граѓани на Струга и уште двајца од други места, овој пат еден битолчанец и еден охриѓанец. Кирe Божиновски е битолчанецот кој завчера во Струга беше еден од оние кои ги носеше мошите. Моштите беа придружувани и чувани и од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот Манастир.

Годинава литијата беше збогатена и со иконата на Сепречистата Владичица Богородица – Кринска од манастирот Пречиста – Кичевска .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани