АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во 1923 година, во селото Раково, Егејски дел на Македонија, е роден Гавро Пановски-Јуноша, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Во 1941 г., како ученик во гимназијата во Битола стана член на југословенската младинска комунистичка организација (СКОЈ). Учествува во многу акции на скоевците, меѓу кои и во акции за растурање на летоци против бугарската окупаторска власт.
Во 1922 година во Битола е роден Стерјо ЃЕОРГИЕВСКИ-Жорж, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
На денешен ден, 3 МАЈ, во 1942 година, над село Ореово, Битолско е разбиен БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД "ПЕЛИСТЕР".
На денешен ден1 мај во 1942 година во атарот на село Поткамен, кај Чајниче, Босна и Херцеговина, загина Киро ДИМИТРОВСКИ-Дандаро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и народноослободителна борба на Југославија, графичар.
На денешен ден - 22 април1942 година, Во близина на селото Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.