2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ: Затнати шахти и раскопани улици е наследството на Битола од четиригодишното неработење на СДСМ

Јули 06, 2022

интегрален текст и видео од изјавата на Бојан Бојкоски - член на советот на општина Битола

 

Негрижа за граѓаните и функционирање спротивно од барањата и потребите на народот.

Ова е главна карактеристика на владеењето на СДС на централно ниво денес, а за што локално беа казнети од граѓаните, само после 4 години неуспешно водење на локалната самоуправа.
Почитувани гласноговорници на битолската СДС,
Прво, променете ја реториката, а потоа побарајте ги граѓаните.
Постојано зборувате за проекти и општински пари, зачувани од вашите неодамнешни функционери, потенцирајќи ја градоначалничката Наташа Петровска, како најзаслужна за тоа.
Почитувани, проблемите и парите се на граѓаните, а реализацијата на проектите, значи искористување на средствата за решавање на приоритетите на жителите на Битола.
Во изминатите четири години, ништо од тоа не беше направено, што се потврди токму и на вчерашната прес конференција на советничката од СДС, Јасмина Буневска Талевска.
Затнати шахти, раскопани и непоправени улици е токму наследството на Битола од четиригодишното неработење на СДС.
За разлика од нив, локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ и Градоначалникот Тони Коњановски, работи на промени со средствата на граѓаните, преку проекти, до подобри услови за граѓаните.
Проектите на граѓаните заслужуваат континуитет и нивната реализација е во тек.
Наспроти пасивноста и неработењето во изминатите 4 години, во овој седумесечен период:
- Општина Битола за првиот квартал од годината, има највисок процент на реализација во последните 4 години, односно 24,36%, што се должи и на соработката на градоначалникот со професионалната општинска администрација
- Реализацијата на општинскиот буџет и во вториот квартал ќе биде со висок процент, како резултат на реализацијата на проекти и редовната исплата по нивното завршување
- Продолжува реконструкцијата на улиците во Битола, од предвидените 23 за оваа година, 11 се асфалтирани, а на 4 инфраструктурните активности се во тек.
- Подготвени и екипирани продолжуваме со работа на терен. После вчерашното големо невреме, од 4 часот утрово, екипите на јавните претпријатија, постојано се на терен и продолжуваат со работа се додека се одговори на секое барање од граѓаните.
Почитувани од СДС, промените се случуваат.
Парите на граѓаните се наменети за нивните потреби
И тоа се случува: Проектите се изготвуваат, реализираат исплаќаат.
Битола, после 4 години има локална самоуправа која работи за граѓаните.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани