АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на Жаклина Наумовска, советничка во Советот на Општина Битола
Градоначалникот Тони Коњановски да излезе пред битолската јавност и да каже колку должат битолските јавни претпријатија. Кои јавни претпријатија во Битола се пред банкрот? Кои услуги што ги плаќаат битолчани се доведени во прашање? Нема да се собира ѓубрето? Ќе нема вода за пиење? Што да очекуваат граѓаните од Коњановски и директорите на јавните претпријатија што тој ги назначи? Повисоки сметки за вода, ѓубретарина, нискоградба?
Наместо да се крие зад партиски соопштенија напишани од општинската администрација, го повикуваме Коњановски да објасни како планира да ги зголеми платите на вработените во јавните претпријатија кога директорот на Водовод тврди дека претпријатијата се пред колапс?
Дали Коњановски се откажа од субвенциите што ги вети пред еден месец за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат за јавните претпријатија?
Ќе побара ли Коњановски одговорност од директорите за состојбата во која ги доведоа јавните претпријатија?
Дали Коњановски и неговите соработници планираат зголемување на сметките за граѓаните за да може тој да се фали дека ги зголемил платите?
Граѓаните заслужуваат одговори на овие прашања!
Битолчани заслужуваат домаќинско и одговорно работење со јавните претпријатија што ги плаќаат секој месец.