2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Буневска од СДСМ: Осум месеци Битола живее во безредие и хаос кое доаѓа токму поради нефункционирањето на јавните претпријатија

Јули 05, 2022

Интегрален текст и видео од прес конференцијата на Јасмина Буневска Талевска,  советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола. 

 

Битола ги живее најтешките 8 месеци откако постои како општина. Валкани улици, затнати шахти, несредени пазари, секојдневни дефекти во водоводната мрежа. Ова е реалноста. Битола има нефункционални јавни претпријатија кои не ги даваат услугите за кои граѓаните секој месец плаќаат. А, работата на градоначалникот Коњановски се гледа токму преку работата на јавните претпријатија во градот.

Но, наместо Коњановски да прошета низ град да ги согледа состојбите, тој од кабинетот не изгледува. Не остана амбасадор со кој Коњановски не се слика, но од тоа битолчани немаат никакво фајде.

Смешни се кратките екскурзии на Коњановски по сокаци и улици што општината ги претставува како свои големи достигнувања. И малите деца знаат дека тоа се проекти наследени од СДСМ, со целосно готова документација, со целосно завршени постапки и со обезбедени финансиски средства.

Цели осум месеци Коњановски и локалната самоуправа со прст не мрднаа да започнат барем еден од проектите што ги ветуваа. И тоа што го најавија се покажа како чист популизам и голема лага, како паркот во Нова Битола.

Наместо да продолжи развојот на Битола кој го започна СДСМ откако ги исчисти долговите на ВМРО – ДПМНЕ и Владимир Талески, денес сме сведоци дека во градот се враќа безнадежноста. Улиците никогаш не биле повалкани, градот после секој дожд е поплавен оти Нискоградба шахтите не ги чисти, пазарите личат на депонии. Коњановски целосно потфрли во обезбедувањето на поквалитетни услуги за битолачани, а неговите директори на јавни претпријатија се покажаа како тотално неспособни менаџери. Го повикуваме градоначалникот да си го преиспита изборот на кадрите кои ги водат јавните претпријатија во Битола. Нивното лошо работење е личен неуспех и на градоначалникот!

Драги сограѓани, осум месеци Битола живее во безредие и хаос кое доаѓа токму поради нефункционирањето на јавните претпријатија, а јавните претпријатија имаат основна задача, беспрекорно да ги извршуваат услугите за граѓаните. Затоа што граѓаните плаќаат, за чист град, безбедни улици, за чисти пазари. И токму тоа нефункционирање на Јавните Претпријатија ја дава сликата за работењето или неработењето на институцијата градоначалник.

Драги сограѓани, недозволиво е градоначалникот Коњановски да се слика само во два случаи, при посета на некои емиментни гости, на некои настани, трибини или во процесот на асфалтирање на некоја улица сака резулатите на некој друг да ги препише за свои резултати. И градоначалникот и оваа локална самоуправа но и граѓаните треба да знаат дека сите улици кои што ги асфалтираа во изминатиот период, целокупната проектна документација сите фази во процесот на постапката и целокупната финансикса конструкција се обезбедени од локалната самоуорава која што во претходниот период ја предводеше Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

И наместо граначалникот да излезе доблесно, да пофали да каже чии резулати се тоа, тој недозволиво си ги препишува тие резултати како свои. Не драги сограѓани, оваа локална самоуправа предводена од градоначалникот Коњановски и коалиционите партнери, немаат започнато ниту еден проект во изминатете 8 месеци, не само што не ја прифаќаат подадената рака и констурктивноста на опозицијата, туку немаат започнато ниту еден конструктивен проект од кој што можат да се очекуваат резултати во идниот период. А, да, го заборавив паркот во Нова Битола, тоа ќе биде парк ако биде, на земјиште кое што не е за таа намена, и тоа што може да се направи е да се постави некоја клупа или некоја чешма што сметам дека нема да ги задоволи барањата на битолчани.

Затоа почитувани граѓани, она што треба да го прифати оваа локална самоуправа е дека 85 % од уличната мрежа треба да се рехабилитира, односно е оштетена, хоризонтална и вертикална сиганлизација скоро и да нема, светлосна сигнализација што е тоа, јавното претпријатие за паркирање ги бележи само местата за паркирање кои што служат само за интерес на претпријатието и нивниот личен доход а не и на граѓаните. Трагично е што во услови на пандемија и епидемија и вакви жешки денови имаме две крајности, едната е кога Битола и при најмали вржени на дожд се поплавува поради затнатите шахти, а другата е кога на граѓаните им е нарушено нивното здравјето заради честите запирања на водоснабдувањето. Значи граѓаните имаат намалена безбедност, намалена сигурност лоши хигиенски услови намален квалитет на живот и затоа што ако не безбедноста на граѓните треба да биде интерес на градоначалникот и на оваа локална самоуправа. Затоа господине градоначаник Коњановски, време е да ги преиспитате кадрите кои што ги водат Јавните Претпријатија во Општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани