АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на Весна Баковска, претседател на комисија за образование на СДСМ Битола
За учениците нема превоз, ама градоначалникот Тони Коњановски се вози со новиот џип Пежо 2008, набавен пред една година од претходната градоначалничка на Битола.
Изминува трет месец од почетокот на учебната година, а учениците кои доаѓаат на настава во Битола од околните населени места уште немаат обезбеден превоз од општината.
До каде е градоначалниче Тони Коњановски постапката? Има ли надеж до крајот на полугодието да го обезбедите превозот кој е законска обврска на општината? Кој ќе ги покрие тршоците на семејствата што имаат учениците кои секој ден патуваат до Битола?
Зошто од седумте нови возила, набавени од претходната локална самоуправа во функција не се ставени ниту комбинањата за превоз на ученици, ниту комбинањата за превоз на лица со посебни потреби, туку само белиот џип Пежо 2008 од кого Коњановски не се симнува?
Новите возила за учениците скапуваат во гаражите на општината, а првиот човек на Битола се развозува со нов џип на електричен погон! Ете тоа е реалноста во Битола со локалната власт предводена од ДПМНЕ и Тони Коњановски.
Хаосот во менаџирањето со општината и особено со образованието од страна на градоначалникот Тони Коњановски доби и меѓународни димензии со скандалозното патување на директорката на Техничкото училиште, Жанета Сервини во Бугарија. Нема осуда, нема казна, нема никаква постапка. Пораката на Коњановски е јасна – секој нека прави што сака, додека не го фатат.