2win800x200

СДСМ Битола: Коњановски и ДПМНЕ немаат за леб, а трошат на чоколади

Март 23, 2023
Интегрална изјава на Ивона Трифунов, СДСМ Битола
 
Според финансиските извештаи достапни на страницата на Општина Битола, минатата 2022 година, градоначалникот Тони Коњановски потроши над 30 милиони евра!!!
 
Тоа се најмногу потрошени пари од буџетот на општината од било кога досега, а Коњановски не започна, камоли да реализира, ниту еден од проектите што ги ветуваше. Во година и пол, нашиот градоначалник не го започна Планинарскиот дом Копанки, ниту нова градинка, ниту  училиште во Буковски ливади, ни спортски центар, ни стационар за кучиња...
 
А, еве и зошто. Затоа што од потрошените 30 милиони евра, само 5,8 милиони евра Коњановски потроши за капитални расходи, односно за улици, градинка, училишта, објекти...!!! 
 
За  разни трансфери, плати, шетање и слично, Коњановски потроши 8,2 милиони евра!!!
 
Со вакво неработење и безмилосно трошење на парите на граѓаните, Битола не може да се развива и гради!!!
 
На првата наредна седница на Советот на Општина Битола, СДСМ ќе побара ребаланс на буџетот за да се зголемат парите за капитални проекти, а да се намалат средствата за трансфери и патувања, ресторански услуги и слично. СДСМ ќе побара поддршка од сите советнички групи да се донесе заклучок со кој ќе се побара од градоначалникот Коњановски да не ги намалува средствата во буџетот наменети за улици и објекти за сметка на разни трансфери и договорни услуги. Само така ќе покажеме грижа за Битола!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани