АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да размислат државнички. Во овој момент гласањето за уставните измени и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ преставуваат логична коњукција што одат заедно. Овие две работи не можат да се исклучат едно од друго“, вели во интревју за Фронтлајн, пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче.
Тој е оптимист промени ќе се изгласаат бидејќи, како што вели, „не гледам друга алтернатива за иднината на државата“.
„ВМРО ДПМНЕ има многу паметни луѓе во своите редови и мислам дека тие ќе успеат да издејствуваат и да ги убедат тие што во моментот мислат поинаку“, подвлече Снопче.
Запрашан за можен заеднички фронт за Европа на следните избори, Снопче нагласи дека Алијанса за Албаците е за „Фронт за Европа“ со секого кој што вистински се залага за инсталирање на европските вредности во нашата држава.
Фронтлајн: Господине Снопче, уставните амандмани влегоа во собраниска процедура, очекувате ли опозициската ВМРО-ДПМНЕ да рефлектира за да ги гласа?
Халил Снопче: Не можам да тврдам дали ќе гласаат или пак не. Во седницата на уставната Комисија гласаа против потребата за отварање на Уставот. Ќе видиме како ќе одлучат. Јас можам само да повикам да размислат државнички. Во овој момент гласањето за уставните измени и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ преставуваат логична коњукција што одат заедно. Овие две работи не можат да се исклучат едно од друго. Значи не се дисјунктни. Не може да ги отпочнеме преговорите ако не ги гласаме уставните промени. Ако има друг начин за отпочнување на преговорите нека кажат од ВМРО-ДПМНЕ.
И на комисија кажаа дека нема да прифатат промени под бугарски диктат, но не кажаа која е алтернативата. ВМРО барем до сега во сите аргументации наметнува еден дисјуктивен пристап. Или отпорот кон уставните промени ќе го брани националниот идентитет, или пак изгласувањето на уставните промени ќе го загрози националниот идентитет. Значи оваа е нивната теза дека овие две работи не одат заедно.
Јас сум поборник и силно верувам на коњуктивниот пристап, а тоа е дека овие две работи одат заедно. Зошто? Затоа што сметам дека зачленувањето во ЕУ, е гаранција за зајакнувањето на државата. Ако зајакнеме како држава во тој случај и идентитетот нема никакви шанси да се загрози. Ќе влеземе во друштво со другите силни држави и кога ќе се зачлениме и македонскиот јазик ке биде еден од официјалните јазици во Европската Унија. Јас не гледам поголема гаранција од ова.
Пазете ние како држава никогаш не сме биле во подобра позиција во меѓународна гледна точка. Јас сум пратеник и имам впечаток дека цел свет се занимава со нас. Скоро секоја недела ни идат претседатели, премиери, министри за надворешни работи со давање на поддршка поттикнувајќи не да ја донесеме оваа важна одлука. Дали некогаш сме се распрашале за нашата позиција во целовитоста на светот, за нашата “специфична тежина” во склоп на проблемите на светот, во светската геополитика, па дури и во Балканскиот регион, а да не збореме за Европа. Ако погледнеме вака, никогаш не сме биле во центарот на вниманието. Со други зборови речено сме биле на некој начин вон нивното видно поле. Но сега не е така. Сите доаѓаат, не поддржуваат, и слично. Кога претседателот на Европската комисија ти вели дека македонскиот јазик не е загрозен, кога претседатели и премиери ти доаѓаат тука и ти даваат слични гаранции, јас не гледам дека не ја кажуваат вистината, туку гледам дека ова преставува една заложба или пак гаранција, па затоа треба да им веруваме.
Фронтлајн: Што ако не се изгласаат?
Халил Снопче: Кај мене сè уште преовладува надежта дека уставните промени ќе се изгласаат бидејќи не гледам друга алтернатива за иднината на државата. ВМРО-ДПМНЕ има многу паметни луѓе во своите редови и мислам дека тие ќе успеат да издејствуваат и да ги убедат тие што во моментот мислат поинаку.
Фронтлајн: Во вашата партија има разлики во однос на партнерството со ДУИ. Може ли да очекуваме изборна соработка со ДУИ или ќе се натпреварувате самостојно на следните парламентарни избори?
Халил Снопче: Нашето влегување во Владата беше со цел да го поттикнеме процесот на евроинтеграција. Ако ние не влегувавме во Владата, тогаш 2023 година наместо да биде година на отпочнување на преговорите ќе беше изборна година и сè ќе беше блокирано. Тоа беа сугестии и на нашите пријатели од надвор. Ние сме биле жестоки критичари на Владата. Ние сме свесни дека има коруптивни афери, скандали и слично, но сепак европската ориентација беше поважна од сè. Како што сум изјавил и во една друга прилика, решивме преку институционалниот патриотизам да покренеме и да се обидеме да придонесеме за решавање на прашања од општ интерес. Да покажеме дека со чесност и професионализам, т.е. вистинско знаење некои на прв поглед сложени работи можат да имаат многу едноставно решение. Мислам дека има и конкретни примери во овој четири месечен период од страна на нашите минитри.
Значи, да заклучам, ние не сме влегле за да имаме партнеритет со ДУИ, туку ние сме презеле некои наши одговорности за иднината на државата, за да не се повторат сценаријата од Букурешт за време на бившиот режим предводен од Груевски. За следните избори ама баш воопшто не сме размислувале како партија и ке се воздржам од одговори. Приоритет ние е европската агенда и некои конкретни резултати од ресорите кои што се раководат од нашите министри. Ако го сакате мојот личен став, тогаш во овој момент тоа е дека би требало да одиме сами. Од искуството во минатото, како Алијанса иако сме жртвувале за да коалицираме со други, не сме имале придобивки. Затоа мое лично мислење е дека време е сами да одиме на избори. Но се разбира, Алијансата за Албанците има лидер, има партиски органи, и партиски форуми кои ќе одлучат кога за тоа ќе дојде време.
Фронтлајн: Може ли да избие „огнот“ и во Алијанса?
Халил Снопче: Има едно тврдење кое што вели немојте да донесувате заклучоци за некого по тоа што тој зборува, туку видете какво му е поведението и како дејствува. Мислам едка секој, па и вие како новинар, сте имале прилика да конкретно за Алијанса да видите без оглед на озборувањата, ние сме биле единствена компактна и унифицирана партија. Ова е така и за време кога бевме опозиција, па и сега, кога сме дел од власта. Направивме лидерска транзиција без никаков проблем. Господинот Села како бивш лидер продолжува да биде еден од столбовите на партијата.
Пратеничката група била и продолжува да работи безпрекорно како едно унифицирано тело. Но се разбира дека прашањето е легитимно бидејќи епистемиолошки тежнееме да веруваме дека ниедна партија не може да биде имуна од тоа што се случува кај другите партии. Што е тоа што се случува кај другите партии? Јас би нарекол чиста политичка оргија. Нас не обвинуваат дека ја спасуваме ДУИ, но историските архиви го потврдуваат токму спротивното. Движењето БЕСА можеше да ја однесе ДУИ во опозиција во 2020 година, но излезе со заеднички листи со СДСМ и тогаш го спаси ДУИ.
Кога имавме 61 потпис за да повторно ДУИ се однесе во опозиција, беше Кастриот Реџепи кој згазна во неговиот потпис. Сега овој кој што можеше да ја однесе ДУИ во опозиција се здружува со Изет Меџити против со намера ДУИ да оди во опозиција. Истото важи и за Изет Меџити. Тој неколку пати имал можност да го “сруши” Груби, но никогаш не го направил тоа. Кога останавме пата-пата со ист број на пратеници во Собранието, беше Алтернатива што одлучи да влезе во Владата прекршувајќи го договорот коалициски со нас, и повторно во полза на ДУИ.
Потоа Скендер Реџепи како пратеник на Алтернатива стана независен. Беса го брка Кастриот Реџепи од партијата. Знаеме како се одделија Беса и Алтернатива и како беше невозможно да ги споиме за заднички настап во 2020, а сега, Беса, Алтернатива и групата на Изет Меџити се спојуваат во опозициски фронт, и веднаш имаме спротиставување на генералниот секретар на движењето Беса дека не се согласува и дистанцирање на пратеникот Бастри Бајрами кој отсега ќе дејствува како независен. Цело ова не ви изгледа како вистинска политичка оргија. Еден вистински миш-маш. Дали имате видено нешто слично кај Алијансата за Албанците. Сигурно дека не. Ние и како дел од власта продолжуваме да бидеме критичари на негативните појави и феномени и од тоа нема да отстапиме.
Фронтлајн: Дали постои можност Алијанса да се приклучи на опозицискиот блок на Движење БЕСА, Алтернатива и Изет Меџит?
Халил Снопче: За следните избори ама баш воопшто не сме размислувале како партија и ќе се воздржам од одговори. Приоритет ние е европската агенда и некои конкретни резултати од ресорите кои што се раководат од нашите министри. Ако го саката мојот личен став, тогаш во овој момент тоа е дека би требало да одиме сами. Од искуството во минатото, како Алијанса иако сме жртвувале за да коалицираме со други, не сме имале придобивки. Затоа мое лично мислење е дека време е сами да одиме на избори. Но се разбира, Алијансата за Албанците има лидер, има партиски органи, и партиски форуми кои ке одлучат кога за тоа ке дојде време.
Фронтлајн: „Фронт за Европа“ со СДСМ или без СДСМ?
Халил Снопче: „Фронт за Европа“ со секого кој што вистински се залага за инсталирање на европските вредности во нашата држава.
Дестан Јонузи https://frontline.mk/