АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја членка на ЕУ, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.
Тој додаде дека се потврди дека Владата и сите политички партии и чинители од проевропскиот фронт ѝ мислат добро на државата, граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ, како што беа и за НАТО.
„Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација и тоа проеврпски ориентираните граѓани нема да го заборават и простат. Ова блокирање кое тие долго го заговараат нема причина да се случи“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде едка ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи, дека нема идеја за дискусија и поради тоа не води дебата.
„Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина само за лични цели, а против подобар и попросперитетн живот за граѓаните и остварување на стратешката цел – членство во ЕУ“ рече Ковачевски.