2win800x200

Маричиќ: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ ризикува да не стави надвор од процесот и само ја зајакнува позицијата на Бугарија

Август 19, 2023

Праксата покажува дека времето не работи во наша корист кога сме надвор од процесот. Колку повеќе чекаме повеќе и сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија. Да не дозволиме да го комплицираме процесот кога сега ни е патот јасно поставен пред нас, истакнува во интервју за Рацин.мк заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Со вицепремиерот Маричиќ разговараше Зоран Бојаровски.

Рацин.мк: Дали навистина може да се постигне подобар договор за продолжување на преговорите со ЕУ, а да не биде по „бугарски диктат“?

Маричиќ: Договорот не е направен по „бугарски диктат“. Напротив, сме постигнале Договор со кој сме го извлекле максимумот и кој сме го преговарале во наша полза, со што успеавме да ги ставиме во една рамка барањата и обврските од двете страни, и македонските и бугарските.

Нашата преговарачка рамка го заштитува македонскиот јазик, идентитетот, со што успеавме бугарските прашања да не станат европски и да не ја доведуваат во прашање европската иднина на Северна Македонија. Обврските се опишани во преговарачката рамка и тоа се обврски кои што ние сме ги прифатиле за достигнување на стратешката цел до 2030 година, а тоа е полноправно членство во ЕУ.

Нашите главни барања во договорот се исполнети и затоа не постои ниту еден аргумент дополнувањето на македонскиот Устав да се нарекува бугарски диктат – не, тоа е европски предлог и зад ваков предлог цела ЕУ никогаш повторно нема да застане заедно затоа што во Унијата има турбулентни процеси и европски избори следната година.

Подобра рамка нема да има, тоа цела ЕУ ни го кажува, тоа го знаеме и ние самите и секој којшто вели поинаку не сака да ја види нашата држава во ЕУ.

Што е тоа што може да го направи подобар кога во актуелниот се признати македонскиот јазик, идентитет и препознаени исполнетите услови за преговори со единствен предуслов да се внесат Бугарите во Уставот?

Подобар Договор од овој кој го имаме не може да се постигне, со овој сме во поволна позиција од која може лесно и безболно за нашите национални интереси да се поентира  и да се загарантира европската перспектива. 

Секоја кандидат држава има своја траекторија и свои предизвици во процесот на пристапување, зависно од посебните услови кои земјите членки на ЕУ ќе ги дефинираат, на што имаат право, покрај општите познати Копенхашки критериуми. Имаме кристално јасна утврдена рамка, само треба да ја реализираме. Внесувањето на бугарската заедница, хрватската, црногорската, еврејската во македонскиот Устав не прави никаква штета на ниту една етничка заедница, ниту на Македонците како конститутивен и најброен народ во Северна Македонија. Внесувањето на овие заедници во Уставот нема да значи дека од денот после гласањето во нашата држава или во светот ќе има помалце Македонци. Не, тоа ќе значи дека од тој ден Македонците ќе бидат многу поблиску до ЕУ, со отворени поглавја, со повеќе европски пари на располагање и со повеќе започнати реформи. 

Околу заштитата на македонскиот јазик и идентитет во Договорот нема никаква дилема и не треба никој да има. Никогаш не сме преговарале ниту некој може да преговара за идентитетските обележја бидејќи со изгласувањето на Резолуцијата во Собранието поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ веќе се исцртани нашите црвени линии за македонскиот јазик и идентитетот.

Околу заштитата на македонскиот јазик и идентитет во Договорот нема никаква дилема и не треба никој да има. Никогаш не сме преговарале ниту некој може да преговара за идентитетските обележја бидејќи со изгласувањето на Резолуцијата во Собранието поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ веќе се исцртани нашите црвени линии за македонскиот јазик и идентитетот.

 

Еве, дури и да може да се постигне подобар договор, колку време ќе му треба на ВМРО-ДПМНЕ да го испреговара и како на тоа може да реагира другата страна бидејќи секој договор има „друга страна“?

На ВМРО-ДПМНЕ многупати досега им е кажано од страна на нашите европски пријатели, високи претставници од државите членки на ЕУ, дипломатите во земјава, европратениците дека преговарачката рамка не може да се репреговара и дека не е можен нов Договор.

Репреговарање на рамката која што е веќе договорена и усвоена лани, на првата Меѓувладина конференција не може да има и не можеме  да ја менуваме. Дури и да замислиме дека тоа е можно нема да биде подобра од оваа, бидејќи не се исти ниту атмосферата, ниту околностите сега, а и барањата на Бугарија сигурно нема да бидат истите.

Треба да бидеме искрени и реални дека немаме друга можност освен оваа, која ни овозможува преземените обврски да ги реализираме на реципрочна основа, со меѓусебно разбирање, толеранција и разумни компромиси, кои не задираат во нашата историја и идентитетски обележја.

ВМРО-ДПМНЕ сме ги виделе и во минатото на кој начин преговараат за иднината на земјата. На сојузниците им велат едно, на телефони зборуваат друго, во пракса прават трето. Така не се води држава напред, така се држи државата заробена цела деценија. Јас сум припадник на друга генерација и друга школа политичари и тоа не смеам да си го дозволам ниту пред државата, ниту пред демократското мнозинство, ниту пред целиот народ, ниту пред себе.

Репреговарање на рамката која што е веќе договорена и усвоена лани, на првата Меѓувладина конференција не може да има и не можеме  да ја менуваме. Дури и да замислиме дека тоа е можно нема да биде подобра од оваа, бидејќи не се исти ниту атмосферата, ниту околностите сега, а и барањата на Бугарија сигурно нема да бидат истите.

 

Што ќе значи изгубеното време за Македонија?

Ние немаме време за губење, имаме време за итање напред, одлучно и храбро. Последиците ги гледаме денеска што значи изгубено време и пропуштање на сериозни политички моменти во кои сме можеле да ги надминеме отворените билатерални прашања. Доволно е да направиме споредба со земја со која заедно во исто време сме го започнале евроинтегративниот процес, до каде сме ние денес, а каде е Хрватска. Таа е веќе 10 години држава членка на ЕУ, дел од евро и Шенген зоната, ние сме држава која преговара и која се наоѓа уште еднаш на крстосница на патот кон Брисел.

Праксата покажува дека времето не работи во наша корист кога сме надвор од процесот. Колку повеќе чекаме повеќе и сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија. Да не дозволиме да го комплицираме процесот кога сега ни е патот јасно поставен пред нас.

Ако се блокираат сега преговорите со ЕУ тоа значи дека уште еднаш ќе бидеме разделени, овој пат од Албанија, која ќе продолжи да преговара со ЕУ, отворајќи ги кластерите и поглавјата. Тоа ќе биде назадување и стагнација на европската агенда и процесот на реформирање односно на трансформирање на македонското општество на подобро.

За мнозинството од нашите граѓани ќе биде големо разочарување. Народот има потреба од мотивација и јасна визија за нашата иднина, што се постигнува со јасната стратешка цел на која работиме. Северна Македонија е определена за европска иднина, институциите се длабоко навлезени во реализација на потребните реформи и би било жалосно сето ова што е постигнато да се остави недозавршено или да остане без јасна цел на крајот од тунелот.

Процесот на евроинтеграција е и наше созревање, на целовкупниот систем, тест за зрелост, кој предвидува одговорност, капацитет за соочување со предизвиците кој ќе донесе многу придобивки за сите нас. Нашиот фокус треба да биде насочен таму, кон придобивките од евроинтеграцијата, кон нашата иднина и кон нашата подготвеност, конечно да се приклучиме на европскиот воз.

Праксата покажува дека времето не работи во наша корист кога сме надвор од процесот. Колку повеќе чекаме повеќе и сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија. Да не дозволиме да го комплицираме процесот кога сега ни е патот јасно поставен пред нас.

Како на тоа ќе гледаат нашите партнери имајќи ги предвид геостратешките аспекти ако се знае дека во нивното исполнување се очекува одговорност и од Македонија како членка на НАТО и земја кандидат во преговори со ЕУ?

Војната во Украина и последиците од неа се силен сигнал за Европската Унија за посветување на поголемо внимание и инвестирање во геополитичките цели, во кој спаѓа и Западниот Балкан и нашата европска перспектива. Важни се и зборовите на охрабрување заради креирање на позитивна атмосфера, а и конкретните одлуки заради динамизирање на целиот процес.

Проширувањето е сè поважно на агендата на ЕУ институциите и нејзините земји членки. Ние сме во процесот на пристапни преговори веќе влезени од 19 јули минатата година, имаме важна политичка одредница пред нас, измените на Уставот, завршување на скринингот и продолжување со отворањето на Кластерот 1, „Фундаментални вредности“. Траекторијата е позната, динамиката зависи во овој момент само од нас, и тоа е таа одговорност што ние мора да ја покажеме.

ЕУ очекува да покажеме зрелост и одговорност за целокупниот процес. Преговарачкиот процес е двострана улица и партнерски однос, кој го градиме веќе со години со Европската комисија и со сите 27 земји членки, кои годинава го спремаат пакетот за проширување со држави кои веќе преговараат со ЕУ, а носители на тој пакет ќе се Украина и Молдавија.

Успешноста на уставните измени ќе биде репер за насоката и динамиката со која ќе се движи Северна Македонија. Европските партнери го чекаат исходот на уставните измени и на останатите задачи кои ги имаме за да се сигурни дека Северна Македонија фаќа чекор со земјите од регионот кои преговараат со  ЕУ и кои ќе се дел од следното проширување на ЕУ.

Успешноста на уставните измени ќе биде репер за насоката и динамиката со која ќе се движи Северна Македонија. Европските партнери го чекаат исходот на уставните измени и на останатите задачи кои ги имаме за да се сигурни дека Северна Македонија фаќа чекор со земјите од регионот кои преговараат со  ЕУ и кои ќе се дел од следното проширување на ЕУ.

 

Можно ли е сепак да биде постигнат „пробив“ од состојбата статус кво? Има ли надеж и каде да ја гледаме?

Надежта ја гледаме во основното човечко чувство за одговорност за себе, за своите деца и за нашата држава. Државничкиот став е чувство од страна на сите засегнати страни и тој треба да рефлектира пред сѐ сериозна одговорност и кристална визија.  Овие одлуки и значењето на пробивот би требало да биде натпартиски, ослободен од секакво его, желба за доминација и стекнување политички поени.  Одлуките се јасна визија за нашите граѓани . Политичкиот консензус кој ни е многу важен, е успех на сите нас како поединци и како политичари. Сите имаме потреба да го адаптираме системот да биде во функција. Нашите граѓани со години бараат разрешување на состојбите, имаат потреба од јасна визија, гаранција дека животот ќе им се смени на подобро, наместо да веруваат на вообичаени ноторни и заглавени реторики. Нашата цел не е реторика, туку реален, опиплив план за нашата иднина.

Само погледнете ги земјите членки на ЕУ кои се во регионот, кои ние добро ги познаваме, какви придобивки добиле со членството. Таа визија за нашата држава, треба да ни дава сила, мотивација да го истераме овој процес до крај.

Надежта е во визијата и цврсто зацртаната цел за сите нас, најмногу за нашите идни поколенија. Цврсто сум убеден дека полноправното членство во ЕУ е најдобрата стратегија и визија за сите нас, за што силно се залагаме и се надеваме на успех кој ќе биде заслуга на сите нас.

Нашите граѓани со години бараат разрешување на состојбите, имаат потреба од јасна визија, гаранција дека животот ќе им се смени на подобро, наместо да веруваат на вообичаени ноторни и заглавени реторики. Нашата цел не е реторика, туку реален, опиплив план за нашата иднина.intervju/marichik-nepotrebno-kompliczirame-proczes-koga-patot-e-jasno-postaven-vmro-dpmne-samo-ja-zajaknuva-poziczijata-na-bugarija/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани