АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како земја која претендира влез во Европската Унија, со јасно исцртани евроатлански аспирации, Северна Македонија треба да ги надмине и слабостите и опасностите кои демнеат над различностите како општествено-политичка придобивка, пишува Биљана Јордановска во „Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ“.
Во законодавна смисла, Извештајот на ЕУ за Северна Македонија, за 2022 година вели:
„Во однос на заштитата на малцинствата, органите продолжија да ја спроведуваат националната стратегија „Едно општество за сите и интеркултурализам“. Агенцијата за остварување на правата на заедниците се пресели во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, што треба да ја забрза комуникацијата меѓу ова тело и органите одговорни за правата на припадниците на помалите етнички заедници. Во текот на 2021 година, Агенцијата започна да обезбедува средства за финансирање проекти предводени од организациите на граѓанското општество кои работат на промоција и заштита на правата на немнозинските заедници.
Координацијата меѓу Постојаното советодавно тело на Владата и Координативното тело на кабинетот на премиерот е во тек, иако и понатаму недостасува транспарентност. Потребно е да се вложат повеќе напори за да се обезбеди целосна независност на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Агенцијата за примена на јазикот во однос на заштитата на нивната главна група на интереси, помалите етнички заедници. И двете институции немаат доволно кадар и не се доволно финансирани. Локалните органи треба да ја искористат националната стратегија за подобрување на состојбата на општинско ниво, каде што застапеноста на немнозинските заедници и понатаму е недоволна“.
Извор https://civilmedia.mk/