АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зоран БОЈАРОВСКИ,
Камера и фотографија: Игор ЧАДИНОСКИ
Екипата на Рацин.мк го посети Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) што се одржуваше во Универзитетскиот центар на УКИМ во Охрид еден ден пред неговото затворање.
Дел од учесниците веќе беа заминати, некои заминуваа тој ден, но во хотелот и во паркот покрај брегот на Охридското Езеро сѐ уште можевме да се сретнеме со дел од овогодишните учесници. Сите беа добро расположени и во паузите меѓу последните предавања или лекторски вежби разговаравме со повеќемина од нив.
Ова сторија за Семинарот за македонски јазик, литература и култура, низ личните приказни на учесниците на годинешната летна школа.
Она што го забележавме како прв впечаток е дека на семинарот има повеќе генерации македонисти. Дел од нив се веќе искусни, докажани македонисти, професори или раководители на катедрите по македонски јазик на своите матични факултети во Чешка, Полска, Словенија, Хрватска, Руската Федерација, НР Кина и во повеќе други земји, а дел од нив се студенти на тие факултети на средно рамниште или почетници во познавањето на македонскиот јазик.
Директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска ни објасни дека младите семинаристи во најголем дел се во почетните групи, на почетно ниво, не го познаваат македонскиот, почнуваат од нула или со мало предзнаење.
– Меѓутоа она што е интересно е дека и во групите со средно ниво, и особено во напредните групи, имаме мешан состав. Истовремено во една група можете да видите и студент и професор. Тие учесници, во тие напредни групи го познаваат, го зборуваат македонскиот, но сега ги учат финесите на македонскиот јазик. Исто така и на полето на македонската литература, посочи директорката.
Нашата прва средба со искусните македонисти беше со проф. д-р Намита Субиото, која раководи со Катедрата по македонски јазик на на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.
Она што е значајно за оваа катедра е што тука е основан првиот Лекторат по македонски јазик уште во академската 1961/1962 година и професорката Субиото ни рече дека сѐ уште предизвикува интерес за изучување на македонскиот јазик, литертура и култура.
– Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, е клучен за нас странските македонисти. Многу ни значи не само убавата атмосфера и гостољубието, туку и средбите со врвните стручњаци по македонски јазик, литертура, култура, историја. Тука добиваме значајни публикации… Но, не завршува сѐ со семинарот, туку управата на семинарот, директорката и нејзините соработници ја следат нашата работа преку целата година и тоа многу ни значи. Ја имаме нивната поддршка и мислам дека оваа институција заслужува многу високо признание од македонската држава затоа што грижи за промоција на македонската култура надвор од Македонија, ни рече проф. д-р Намита Субиото.
Целата вест на линкот https://racin.mk/