Либерално-Демократската Партија внимателно ги следи сите нови моменти околу проектот Парк и велосипедските патеки.
Бараме од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски час поскоро да ги повика сите релевантни политички партии и граѓански здруженија на јавна дебата каде ќе се дискутираат сите аргументи од двете страни.
Битолчани мора да знаат што се случувало околу измената на проектите и плановите поврзани со грантот од Европска Унија за овие проекти.
Крајно време е да се засукаат ракавите и сите ние да се вклучиме во вакви ситуации, се со една цел, да им понудиме на Битола и битолчани решенија и проекти кои ќе бидат за добробит на сите нас.