2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Кој го овластил градоначалникот Тони Коњановски да стави потпис на Анекс на Договорот со Делегацијата на ЕУ?

Октомври 19, 2023

Интегрален текст од прес конфетенцијата на Ивона Трифунов од СДСМ

 
Ова е Барањето потпишано од секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, а ова е Анексот на Договорот за грант, потпишан од градоначалникот, Тони Коњановски. 
 
Со овие два документи, Коњановски и Димитровски, сами, на своја рака,  одлучиле да менуваат договор на Општина Битола со Делегацијата на Европската унија. Ниту некој прашале, ниту некој консултирале. 
 
Кој му дал дозвола на Борче Димитровски на 3 јули годинава да испрати барање во име на Општина Битола за промена на Договорот? 
 
Дали Димитровски го направил тоа на своја рака или по барање на Коњановски?
 
Кој го овластил градоначалникот Тони Коњановски на 28 јули годинава да стави потпис на Анекс на Договорот со Делегацијата на Европската унија?
 
Според Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Битола, единствен орган кој одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината е Советот. Го знаеше тоа Коњановски во моментот кога го потпишуваше Анексот на договорот и дали на тој чекор го советуваше неговиот секретар Димитровски?
 
Свесни ли се Коњановски и Димитровски за економската и политичката штета што може да ја предизвикаат на градот Битола заради своите непромислени потези? 
 
Почитувани битолчани,
 
Сите ние заедно, како граѓани на Општина Битола имаме раскрстено со градоначалници и општински секретари кои мислат дека се над законите. Битола преживеала многу, ќе ги преживее и Коњановски и Димитровски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани