Прес конференција на Весна Баковска од СДСМ:
,,Просветните работници во Битола за првпат после 23 години, годинава ќе добијат К-15 во износ од 10.000 денари. Владата предводена од СДСМ го врати регресот за годишен одмор и одвои средства во буџетот кои до крајот на годината треба да бидат исплатени на сметките на наставниците и професорите. Последно, наставниците зедоа К-15 во 2000-та година и тоа наместо пари, добиваа канти сирење, маслинки и месни производи.
Владата предводена од СДСМ не ги троши парите на стиропор и жални врби, туку во зголемување на платите. Од формирањето на Владата пред шест години досега, платите на наставниот кадар се зголемени за 55%. За споредба, во 11 години владеење, ДПМНЕ ги зголеми платите во образованието за само 4%. Претходниот период го паметиме и по казните од екстерните тестирања, 60 милиони евра потрошени за компјутери за секое дете кои никогаш не проработија, а наместо студентски и ученички домови, се градеа споменици.
Подобрување на животниот стандард на граѓаните е основна цел на Владата предводена од СДСМ. Враќање на достоинството на наставниот кадар е еден од нашите приоритети!", рече Баковска.