АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во хосписот за тертмална нега ,, Сју Рајдер“ Битола, Секцијата на жени при Здружението на пензионери од Битола донитараше овошје и домашни вкусни пекарски производи изработени од вредните раце на пензионерките од Битола и огранокот од Новаци.
„Укажуваме благодарност до директорот и персоналот на убавото гостопримство. За жал не можевме лично да ги израдуваме штитениците и да поразговарама со нив, да се дружиме и да им посакаме добро здравје од причина што сезонскиот грип и настинките се во пораст во Битола и забраната за посета е задолжителна. Нашите пораки за добро здравје и среќа ги пренесоа вработените за што им благодариме“, рече Даница Петличкова , претседателка на Здружението на пензионери од Битола.