2win800x200

Средба на Коњановски со Советот на женско претприемништво од Битола

Јуни 25, 2025

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СОВЕТОТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

 
Градоначалникот Тони Коњановски денес оствари средба со Претседателката Ана Ристевска и Потпретседателката Моника Марковска, како претставници од Совет за женско претприемништво.
 
На средбата беа презентирани  активностите кои Советот ги реализираше во изминатиот период, со кои активно се афирмира женското претприемништво во градот и околината. Се дискутираше за значењето на Советот во подигнување на свеста за едукација и доедукација во делот на менаџирање на бизниси, следење на последните трендови и вклучување на жените и младите од различни дејности во  обуки и настани кои ги организира Советот за женско претприемништво.
 
Во изминатата година од страна на Советот беа реализирани голем број активности за кои имаше голем интерес како од локалната заедница, така и од други градови, на тој начин се создаде  поле за соработки, вмрежување и размена на искуства што е од огромно значење за развојот на бизнисите и претприемачкиот дух во нашиот регион.
 
На средбата, исто така се разговараше и за идните активности и проекти кои Советот за женско претприемништво ќе ги реализира во соработка со Општина Битола, меѓу кои:
 
- Организација на различни конференции и работилници
 
- Креирање регистар за жени претприемачи
 
- Дополнително зајакнување и вмрежување на жените претприемачи во регионот
 
Советот за женско претприемништво продолжува со посветена работа за поддршка, едукација и промоција на женското претприемништво, како и за создавање нови можности за соработка и развој
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани