2win800x200

Дводневна обука на „Академија Утопија“ во Битола: Вештини што се паметат

Јуни 18, 2025

На 24 и 25 јуни 2025 година,  „Академија Утопија“ во Битола, ќе одржи дводневна интензивна обука посветена на комуникациски, продажни и преговарачки вештини – дизајнирана за сите што сакаат да остават силен впечаток, било на сцена или во преговарачка просторија.

Првиот ден е фокусиран на јавен настап и комуникација, со практична обука од Реља Дерета – тренер со искуство од преку 50 TEDx говорници. Темата е: „Препорака за јавен настап“, со конкретни алатки за јасна, сигурна и ефективна комуникација.

Вториот ден е посветен на преговарање и продажба, предводен од Влада Радивојевиќ – со 25+ години искуство и коучинг пристап кон реални сценарија. Темата: „Малите тајни на големите продавачи“ нуди пристапи за секое ниво на искуство.

На двата дена, гостин е и Иван Миниќ – стратег за бренд комуникации, кој ќе одржи два инспиративни воведни говори на темите „Зошто ги сакаме брендовите“ и „Зошто е важен employer branding“.

Локација: UTOPIA, Битола
Датум: 24–25 јуни 2025
Цена: 50 евра за еден ден, 75 евра за двата дена
Пријавувањето е веќе во тек – бројот на места е ограничен поради интерактивниот формат.

Обуката вклучува и можност за индивидуални 1:1 сесии со предавачите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани