2win800x200

„Синпекс“ донираше прочистувачи на воздух во Средното медицинско училиште во Битола

Декември 11, 2024
 
СИНПЕКС: Кога здружени сме посилни – за чист воздух и здрава иднина! 
 
Во време кога чистиот воздух е највредниот ресурс, битолската компанија „Синпекс“  и Средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ во Битола направија заеднички чекор кон поздрава иднина.
 Училиштето „Јован Калаузи“ го покрена процесот за набавка на прочистувачи на воздух за училниците, а од „Синпекс“  одлучија да ја надополнат оваа иницијатива со лична донација – за да обезбедат уште почист и побезбеден воздух за учениците и наставниците. 
 2 d
Зошто ова е важно?
Затоа што загадениот воздух не смее да биде дел од секојдневието на младите умови кои учат и се развиваат. Чистиот воздух значи здравје, концентрација и поддршка за сите ученици и наставници кои секојдневно поминуваат часови во училниците.
 Промената започнува од нас!
3 d
„Не можеме да го смениме воздухот надвор преку ноќ, но можеме да се погрижиме воздухот внатре да биде почист и поздрав,“ – изјави Христина Фуна од „Синпекс“ Битола .
 Благодарност до Средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ за иницијативата и визијата за поздрава иднина за сите ученици. Ние од „Синпекс“ веруваме во вакви искрени и значајни партнерства кои имаат реално влијание врз заедницата.
 „Синпекс“ продолжува со својата мисија за општествена одговорност и поддршка на заедницата. Ова е само еден од многуте чекори што ги преземаме заедно – за поздрава иднина, подобро образование и поквалитетен живот за сите нас.
 Заедно создаваме иднина што ја дишеме со полни бели дробови!, објавија од https://www.facebook.com/SinpeksHome
5 d
6d
4 d
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани