2win800x200

Радмила Димчевска е нов директор на Средношколскиот дом во Битола „Мирка Гинова“

Декември 17, 2024

Воспитувачот Радмила Димчевска  од денеска е на чело на средношколскиот дом ДУД „Мирка Гинова“ во Битола. Димчевска е назначена за вршител на должност и таа е избрана од редот на вработените. Димчевска е искусен и докажан воспитувач во Средношколскиот дом од 2010 година, со бројни награди на натпревари на ученички домови и со успеси во воспитно-образовната работа, односно грижата и едукацијата на децата - штитеници. Таа е дипломиран економист и одличен познавач на организацијата и потребите за економско функционирање на Средношколскиот дом во Битола со голема поддршка од вработените, велат од Домот. 

 

 

Димчевска е назначена за ве-де директорот откако Елена Спасеновска си даде оставка после извесен период боледување, пред да го заврши мандатот. 

Спасеновска од февруари годинава е под лупа на истражните органи, ОЈО Битола отвори истрага за нејзиното раководење во Домот, после новинарски истражувања на медиумите „АПЛА“ и „Независен“,  а во јули годинава доби кривични пријави по неколку основи за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, сите од Кривичниот законик, извести МВР.

Се очекува одлуката на ОЈО Битола по истрагата во Средношколскиот дом  за работењето на  Спасеновска. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани