2win800x200

Српска банка сака да ја преземи Стопанска банка Битола

Август 21, 2025

Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари, пишува „Бизнис инфо“.

Алта Банка АД Белград заедно со поврзаните лица поседува 19.439 обични акции или 4,97% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска Банка АД Битолa

Како што е наведено во соопштението објавено на Македонската берза

“Согласно член 26-а став 3 од Законот за преземање на акционерските друштва, напоменуваме дека покрај согласностите кои се потребни од домашните овластени органи, тела и институции, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходната согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, давањето на понудата за преземање е условено со претходно одобрување на стекнување од страна на Народна банка на Србија („Странско одобрение”) (имајте на ум дека одобрување од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија веќе е добиено).

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани