2win800x200

Продаден блок акции од Стопанска банка Битола за 475.000 евра

Септември 01, 2025

Во блок-трансакција вредна 29,1 милиони денари (475.000 евра) денеска на Македонската берза се продадоа 7.206 акции од „Стопанска банка“ АД Битола, коишто претставуваат 1,84 проценти од основната главнина на банката. Акциите се продадоа по цена од 4.050 денари за акција.

Тргувањето со блок акции на банката доаѓа во период кога српската „Алта банка“, којашто е дел од „Алта груп“ активно работи на процесот на преземање на „Стопанска банка“ АД Битола.  „Алта банка“ има намера да даде понуда за преземање до 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од „Стопанска банка Битола“. Понудата за преземање ќе биде дадена по цена од 3.777 денари по акција.

„Алта банка“ објави дека заедно со поврзаните лица веќе поседува 19.439 обични акции или 4,97 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од „Стопанска Банка“ АД Битола. „Алта банка“ чека зелено светло од надлежните институции во Македонија и Србија за да ја финализира понудата за преземање на македонската банка.

 

Извор Блумберг Адрија 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани