АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ ја промовира програмата на јубилејното, 10-то издание кое ќе се одржи од 16 до 18 ноември
Според Маја Андоновска Илијиевски, првата деценија на фестивалот „Музика од Светот“ ќе биде во знакот на македонската група „Синтезис“ и неколку групи од Куба.
-Подготвени сме за фестивалот кој традиционално го поддржуваат Министерството за култура и општина Битола. Фестивалот ќе почне со македонската група „Синтезис“, а публиката ќе може да види еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата „Фламенко Екос“ од Куба која е исклучително квалитетна и егзотична, истакна Илијевски Андоновска.
Изборот на групите учесници и музичката програма ја изврши селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, кој најави дека освен концертни во рамки на фестивалот планирани се и постконцертни настани кои ќе се одржуваат во неколку кафе-локали во Битола.
СИНТЕЗИС
СИНТЕЗИС го комбинира наследството од Македонската народна музика со модерни аранжмани, преку користење на широк спектар оригинални Македонски инструменти, како кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука и тамбура.
Моќни и експлозивни, СИНТЕЗИС се најизвезуваниот Македонски музички проект во светот.
Групата е оформена во 1995 години како резултат на потребата од темелна потрага по извонредните богатства на народната музика од Македонија. Името Синтезис беше одбрано како експресија на концептот на групата, што всушност претставува комбинација од традиционални звуци со модерни аранжмани во една музичка синтеза. Копајќи длабоко по корените на Македонското народното наследство, со сериозен осврт кон основите на традиционалните композиции, групата доби големи пофалби за вдахнување нов живот во оваа средина. Како потврда за големиот придонес на Синтезис за афирмација на Македонската музика и култура преку бројни концерти низ светот (Јапонија, Израел, Америка, Италија, Франција и многу други), во 2006 Македонската Стопанска Комора ја прогласи групата за Почесен амбасадор на Македонската култура.
Синтезис продолжува да ги негува старите, заборавени и често никогаш неслушнати песни, кои се дел од богатото Македонско музичко наследство кои како и Македонската култура имаат долготрајна традиција...
Од многубројните турнеи, концерти и презентации ширум светот би ги издвоиле гостувањата во: Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Израел, Србија, Црна Гора, Грција, Америка, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, Албанија, Јапонија, Виетнам, Казахстан.
Членови на Синтезис:
Анета Шуланковска- вокал, Билјана Ристовска- вокал, Мирјана Јошевска- вокал, Гоце Димовски-кавал, гајда, зурла, Ване Јовчев-пиано, клавијатури, Гоце Узунски-тапан, тарабука, Маријан Јовановски-тамбура, Радослав Шутевски-тапани и ударни инструменти.
THE QUARTET
Џез квартетотThe Quartet е камерен состав кој што од формирањето во април 2017 година воодушевува со својата музичка зрелост, квалитет и огромен ентузијазам.
Веќе докажаните музичари Марија Јакимовска – флејта, Билјана Петровска – пијано, Динко Стипаничев – контрабас и Гоце Стевковски – тапани го создадоа овој состав со желба за интерпретација на музички дела кои се спој помеѓу класичната и џез музиката.
Во рамките на Фестивалот на музика од светот ќе се претстават со концерт под наслов: “Classical Jazz Concert – Suite for flute and jazz piano” од Клод Болинг (Claude Bolling).
Свитата за класична флејта и џез пијано трио (пијано, контрабас и тапани) е напишана од џез пијанистот Клод Болингво 1973 година и е посветена на познатиот флејтист Жан Пјер Рампал.
Концертот е одличен спој на класичната и џез музиката.
Flamenco Dance Company ECOS
Танцувачка Фламенко Компанија ЕКОС
Фламенко компанијата ЕКОС од Куба е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста.
Неговите уметници поседуваат високо техничко и експресивно ниво како и препознатлив талент и истите технички се обучени од страна на извонредни педагози, танчери, кубански кореографи и личности кои се занимаваат со фламенго како Кристина Хојос, Ева Јербабуена, Маноло Марин, Израел Галван, Хавиер Барон, Герардо Нунезес , Сегундо Фалкон, Антонио Коронел, Хуан Хозе Амадор во рамки на семинарите за фламенко во Хавана, организирани од Кубанскиот национален балет и Андалузиската хунта.
Нивната сценска изведба е дел од многу различни претстави во сите главни театри во Хавана и во земјата, од многу традиционални фестивали, национални и интернационални настани: Фестивалот: Трагите на Шпанија, Интернационалниот Танц-фестивал на Стара Хавана: Град во движење, Иберо-американскиот празник за култура, Меѓународниот фестивал на театарот, Фестивалот:Алабанзас, Ромерија де Мајо, Денови на танцот инационални турнеи со презентации во сите театри во земјата. ЕКОС, исто така има и меѓународни презентации во Абу Даби, Арапските Емирати и Кувајт.
Од 2009 година, првата балерина и кореограф, уметнички директор и основач Ана Роса Менесес заедно со музичарот, пејач, музички директор и основач Мигуел Чавез, почнуваат свесно креативно пребарување низ шпанскиот и кубанскиот свет и откриваат нови експресивни и уметнички полиња покажувајќи резултат од истражувачкиот процес кој резултираше со вградувањето на јоруба, кантри музика и танцови елементи од популарната музика на Куба и различни жанрови на фламенко.