
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа, информираат од ЕСМ
Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов.
Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе продолжи и во претстојниот период, потврдија од комбинатот.
